Во 2017 година Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) очекува постепено заздравување на руската економија, се вели во билтенот на ММФ.
Билтенот „Перспективи на развојот на светската економија“ е подготвен за годишното собрание на ММФ во Куала Лумпур.
Во него се вели дека руската економија „според предвидувањата, постепено ќе заздравува во 2017 и во согласност со априлската прогноза“.
ММФ ја истакнува стабилноста на нивото на инфлацијата во новите пазарни економии, а во некои дури и „значително се намали“, како на пример, во Бразил и Русија.
Покрај тоа, ММФ ја намали својата прогноза за светските цени на нафтата за 2017 и 2018 година. Фондот очекува дека цената на нафтата ќе биде 51,9 долари во 2017 и 52 долари во 2018 година, иако во април предвидуваше цена од 55,23 и 55,06 долари.
Во април, ММФ ја ревидираше својата прогноза за Русија во насока на подобрување и очекува од економијата на земјата раст од 1,4% во 2017 и уште за толку во 2018 година.