Во периодот од јануари до август 2021 година, Русија извезе стока во вредност од 94,6 милијарди евра во земјите на Европската унија, што и овозможи да остане на третото место на листата на најголеми земји извознички во ЕУ, објави европската статистичка агенција „Еуростат“.   Овој пласман Руската Федерација го достигна во првите шест месеци годинава и продолжува да го одржува и покрај санкциите што се воведени.

 Од јануари до август оваа година, извозот од Русија се зголеми за 48,7 проценти во споредба со истиот период во 2020 година (63,6 милијарди евра). Покрај Русија, меѓу трите најголеми извозници во ЕУ се Кина (285,9 милијарди евра) и САД (145,8 милијарди евра).

Извозот на стоки од земјите на ЕУ во Русија, исто така, се зголеми во првите осум месеци годинава, но само за 13,6 проценти – од 50,7 на 57,6 милијарди евра. Најголеми купувачи на производи од ЕУ се САД, Велика Британија, Кина и Швајцарија.

Вкупната вредност на извезените стоки од земјите на ЕУ во други земји во периодот од јануари до август изнесува 1,4 билиони евра, што е за 13,8 проценти повеќе отколку за истиот период минатата година. ЕУ увезе стоки во вредност од 1,31 билиони евра.(Спутник)