Започна со работа комплетно модернизираната и иновирана експозитура  во ТЦ „Бисер“ на Комерцијална банка, членка на Македонско-руската стопанска комора, во населбата Аеродром во Скопје.

Во новата експозитура на клиентите им стојат на располагање шалтерски услуги од страна на професионалниот тим вработени на Банката, но им се нуди и можност за дигитални банкарски трансакции 24 часа во денот. Дигиталниот дел е опремен со банкомати и најнов дигитален киоск за безготовинско плаќање. Во овој дел може да се подигнува или да се внесува готовина, да се врши откуп на евра, да се плаќаат сметки за јавни услуги, како и да се испечати извод од трансакциска сметка на физичко лице за која има претплата на Интернет банка.

За шалтерско работење експозитурата е отворена секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот, а ги обезбедува следниве услуги: отворање трансакциска сметка во денари или во девизи, плаќање во земјата и во странство, брз трансфер на пари, менувачко работење. На клиентите им се достапни и богатата понуда на кредитни производи и штедни влогови, можноста за купување удели во инвестициски фондови и осигурителни полиси и стручни совети и обука при користење на електронска банка и мобилно банкарство.

Со новата експозитура Комерцијална банка го доближува дигиталниот свет на банкарски услуги до клиентите, обезбедувајќи им во исто време и заштита на нивното здравје од вирусот Ковид-19, а традиционално им гарантира квалитетна и брза услуга.