Комерцијална банка АД Скопје, членка на Македонско  – руската стопанска комора, ги известува правните лица кои користат кредитна поддршка во Банката и се соочуваат со проблеми во работењето заради што им е потребна промена на договорните услови на кредитите, да се обратат во Секторот за кредитирање на стопанство, било во електронска форма или телефонски да ги контактираат соработниците за односи со клиенти на телефонските броеви објавени на веб-страницата.

Комерцијална банка АД Скопје, на својата веб-страница www.kb.com.mk објави дека во текот на следната недела ќе истакне и Јавна понуда за промена на условите за сервисирање на кредитната изложеност од страна на клиентите физички лица, со цел да се олесни финансискиот товар со кој се соочуваат или би можеле да се соочат како резултат на корона-кризата.

Оценка на Банката е дека сите физички лица, без оглед на моменталниот статус на вработување, редовен месечен прилив или тип на кредитна изложеност што го користат, директно или индиректно ќе почувствуваат финансиски последици од кризата. За таа цел, подготвуваме пакет мерки за клиенти кои ги исполнуваат критериумите пропишани од страна на НБРСМ и кои пред кризата немале потешкотии за отплата на обврските, а потоа ќе следат мерки и за клиентите кои пред кризата се  соочувале со потешкотии во отплатата, но поради кризата истите се интензивираат.

Олеснувањата од Јавната понуда ќе се однесуваат на сите кредитни производи за физички лица: кредити, кредитни картички и искористен дозволен минус на трансакциска сметка, како и кредитни картички за правни лица.(Комерцијална банка)