Руската „Лада Веста“ првпат се најде во Топ-100 најпродавани автомобили во Европа. Ова во вторникот го соопшти аналитичката агенција „Автостат.
Со резултат од 33 илјади возила „Лада Веста“ го зазема 99 место на европската листа. Пред неа се наоѓа „Опел Мерива“ (98 место) и БМВ X3 (на последното место). Меѓу стоте најпродавани се наоѓа уште еден руски модел – „Лада Гранта“, која се наоѓа на 64 место со 57 илјади продадени возила.
Моделот „Лада Веста“ на Волжската фабрика за автомобили беше пуштен во производство на 25 септември 2015 година. На купувачите им се нудат модели со автоматски или рачен менувач. Цената на возилото со основен модел опрема изнесува 514 илјади рубли (околу 7200 евра), а со опремите „Комфор“ и „Лукс“ –570 илјади (околу 8000 евра) и 609 илјади рубли (околу 8500 евра). („Лента.ру“)