На крајот од 2017 година државниот долг изнесува 38,7% од Бруто домашниот производ (БДП), додека јавниот долг изнесува 46,7% од БДП.

http://www.finance.gov.mk/files/drzaven_javen_bdp_mk_0.png

Ова се бројките што Министерството за финансии на Република Македонија  ги објави  за државниот и јавниот долг на земјава  заклучно со декември 2017 година.

http://www.finance.gov.mk/files/drzaven_javen_mk_1.png

Споредено со крајот на 2016 година, државниот долг е понизок за 1 процентен поен додека јавниот долг е понизок за 1,7 процентни поени, што претставува прво годишно намалување на државниот и јавниот долг од 2009 година.
Во однос на третиот квартал на 2017 година, се забележува зголемување кај државниот долг за 0,8 процентни поени и кај јавниот долг за 0,9 процентни поени.