Во првиот квартал од годината, надворешниот бруто-долг изнесува 6.707, 4 милиони евра или 70,9 проценти од домашниот бруто-производ. Тоа претставува пораст од 1,1 процентен поент од домашниот бруто-производ на квартална основа, објави Народна банка на Република Македонија.
Споредено со крајот на првиот квартал на 2015 година, надворешниот бруто-долг се зголемил за 1,8 процентни поени од домашниот бруто-производ, во услови на пораст на јавниот и на приватниот долг.
 Годишниот пораст на јавниот долг во најголем дел е предизвикан од порастот на долгот на државата поради емисијата на четвртата еврообврзница во декември 2015 година и понатамошниот пораст на долгот на јавните претпријатија за поддршка на патната инфраструктура. Кај приватниот долг, порастот најмногу се должи на заемите помеѓу поврзани субјекти, односно забележан е значителен пораст на меѓукомпанискиот долг,  се вели во кварталниот извештај на Народна банка на Република Македонија.
Во него се додава дека показателите за надворешната задолженост на домашната економија и понатаму покажуваат дека надворешниот бруто-долг се наоѓа во „безбедната зона“.
 Единствен показател според кој економијата се класифицира во групата на високо задолжени земји, според НБРМ,  претставува учеството на надворешниот бруто-долг во домашниот бруто-производа.