Во првата половина од годинава, вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 2 300 778 илјади денари, што е за 13.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во наведениот период, градежната оператива од Република Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 757 025 илјади денари, што е за 23.9% помалку во споредба со истиот период од претходната година.
Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Холандија и Германија.
Вредносните податоци за периодот јануари-јуни 2017/2016 година се дадениврз база на паритетот 1 САД долар = 58.3258 денари.(Државен завод за статистика)