Македонската економија е во рецесија.Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за третото тримесечје од 2020 година е -3.3 %.

Во третото тримесечје од 2020 година, најголем пораст е забележан во секторите А – Земјоделство, шумарство и рибарство од 5.2 %; Ѓ – Градежништво од 3.4 %  и Ѕ – Информации и комуникации од 3.3 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2020 година, номинално опаѓа за 1.4 %, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 66.0 %.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се намали за 6.8 %, а увозот на стоки и на услуги забележа намалување во номинален износ од 3.2 %.