Извините, этот техт доступен только в “Македонский”. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Македонската бизнис -делегација која учествува на Националниот штанд на Република Македонија на саемската манифестација „Продекспо 2019“ во Руската Федерација, предводена од м-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско-руската стопанска комора, денес (15.2.2018 година) го посети Македонскиот трговско-изложбен дом во Москва.

Притоа, деловните луѓе од земјава разговараа и се договараа за натамошна соработка со менаџментот на „Македонски дом“ предводен од Инна Владимировна Жарова. На средбата со челните луѓе на руската компанија, која е основана за да го поттикне и зголеми пласаманот на македоnските производи на рускиот пазар, присуствуваа претставници на македонските компании „Стоби“, „Далвина“, „Тиквеш“, „Бовин“, „Маестро“ и „Гобекс“.
Македонските бизнисмени беа информирани дека од оваа година закупот на деловниот простор и други трошоци за функционирањето на „Македонски дом“ ќе бидат финансирани од страна на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија , а со цел да им се намалат трошоците и да се олесни влезот на македонските компании на големиот руски пазар.
-По формирањето на „Македонски дом“ расте пласманот на производи од Република Македонија во Русија и што е уште позначајно се повеќе се пласираат и производи кои дотогаш не беа присатни на овој пазар, — истакна Инна Владимировна Жарова.

Вино и други жестоки пијалоци, сирење и кашкавал, кондиторски производи, тестенини, конзервиран и сушен зеленчук и овошје, минерална вода, кроасани, чаеви и други производи „made in Macedonia“ од дваесетина компании од земјава се изложени во огромниот деловен центар кој е сопственост на најголемиот руски агро-кластер „Фуд сити“ и на тој начин им се на дофат на руските трговци и граѓани. Со тоа се реализира долгогодишната идеа македонските стоки да бидат лоцирани на самото место во Москва и на тој начин веднаш да бидат достапни за пласман на овој пазар.Македонскиот трговско изложбен дом во главниот град на Руската Федерација беше отворен на 23 март 2017 година, а пет месеци претходно на 9.11.2016 година беше склучен Меморандум за соработка со Македонско-руската стопанска комора.
— За какви можности за македонските компании се работи најдобро зборуваат податоците дека во московскиот „Фуд сити“ годишно се прави обрт од 1,8 милиони тони прехрамбени производи или 5.000 тони дневно.Трговскиот комплекс се простира на 345 илјади квадратини метри, има канцаларии во преку 30.000 квадратни метри и поседува современи складишен простор на површина од преку 300 илјади квадратни метри.За секоја категорија прехранбени производи во него егзистираат од 30 до 300 трговски друштва. Во овој деловен комплекс се стационирани деловни центри и претставништва на 26 земји од светот и 52 од руските региони. За сите нив сега се видливи и македонските производи.Значајно е што македонските компании имаат можност да пронајдат и купувачи од земјите од Евроазиската унија, односно од Белорусија, Ерменија, Киргистан и Казакстан, — нагласува Дејан Бешлиев, извршен директор на Макердонска-руската стопанска комора. – „Македонскиот изложбено-трговски дом“ во Москва е отворен и за други компании од Република Македонија кои се заинтересирани за пласман на своите производи на големиот руски пазар.
М-р Дејан Бешлиев во текот на траењето на саемот „Продекспо 2019“ се сретна и со преставници на одделот за странство на Стопанската комора на Руската Федерација, со која македонската деловна асоцијација има партнерски однос.Во разговорот со домаќините беа разгледани можностите за остварување на поголема соработка меѓу бизнис асоцијациите со цел натамошно зголемување на трговската размена меѓу двете земји.
Одделение за информирање на Македонско-руската стопанска комора