Вкупниот обем на трговската размена на Република Македонија со светот  до крајот на април достигнал вредност од 5,131 милијарда долари, соопштува Државниот завод за статистика.
 Вредноста на извозот на стоки од Република Македонија, во периодот јануари-април 2018 година, изнесувала  2,176 милијарди САД долари и бележи пораст од 31.5 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 2,954 милијарди  САД долари што е за 28.8 % повеќе во споредба со истиот период од претходната година.
Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април 2018 година, изнесувал  778, 1
милиони САД долари.
Покриеноста на увозот со извоз, во периодот јануари-април 2018, изнесувал 73.7 %.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и облеката. Во увозот најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснато-валаните производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.
Во периодот јануари-април 2018 година, според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Србија, и Бугарија.
Обем на размената, I-IV 2018 Покриеност на увозот со извоз
256 876 500 илјади денари 73.7 %
4 173 728 илјади евра 73.7 %
5 131 456 илјади САД долари 73.7 %