Македонската трговска размена со Русија малаксува, но, сепак, и натаму расте.За десет месеци компаниите од двете земји истргувале стока во висина од 172,5 милиони САД долари (лани во истиот период 156,4 милиони САД долари), што е пораст од 10,3 отсто.Македонскиот извоз до крајот на октомври ја достигна вредноста од 44,6 милиони САД долари (лани 42,4 милиони САД долари), што е пораст од 5,3 отсто.Расте и увозот од Русија, кој за десет месеци изнесува 127,9 милиони САД долари (лани за десет месеци 114 милиони САД долари).Увозот бележи највисок пораст од 12,2  отсто.

Во овој период Република С. Македонија бележи трговски дефицит во трговијата со Русија во висина од 83,2 милиони САД долари.

За десет месеци Руската Федерација е 17 трговски партнер на земјава.

Инаку, според претходните податоци на Државниот завод за статистика, до крајот на октомври  Република С. Македонија има истргувано со светот стока во износ од 12,2 милијарди САД долари. Притоа, вкупната вредност на извозот на стоки од Република Северна Македонија, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 5,2 милијарди САД долари и бележи пад од 11.9 % во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, во истиот период, изнесува 6,9 милијарди САД долари, што е за 10.8 % помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговскиот дефицит, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 1,63 милијарди САД долари.

Покриеноста на увозот со извоз, во перидот јануари – октомври 2020 година, изнесува 76.2 %.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот е најголемо учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1  и фероникелот. Во увозот се најмногу застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), плоснатоваланите производи од железо или нелегиран челик, неплатинирани или необложени и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав. 

Во периодот јануари – октомври 2020 година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, Република Северна Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Кина и Грција.