Во 2019 година, 96.4 %  од македонските компании  користеле компјутер во својата работа.

Широкопојасен пристап на интернет преку фиксна конекција имале 85.8 % од фирмите со десет или повеќе вработени.

Од вкупниот број деловни субјекти, 55.6 % имале веб-страница или почетна страница.

Во однос на е-трговијата, 3.6 % од деловните субјекти со е-продажба примиле нарачки преку компјутерските мрежи, а 3.4 % од деловните субјекти примиле нарачки за стоки или услуги преку веб-продажба.( Државен завод за статистика)