Македонско-руската стопанска комора на своите членки, на сите деловни луѓе  и на  македонските граѓани им ја честита новата 2022 година и им посакува среќни Божиќни празници. Македонско -руската стопанска комора посакува во новата година бизнисот да добие стабилна деловна клима, да се отворат нови работни места, да отпочне економски напредок на земјава и сето тоа да придонесе за подобривање на социјалната состојба на граѓаните.

Македонско-руската стопанска комора, како и досега, во новата 2022 година на своите членки и на сите заинтересирани деловни луѓе ќе им помогне во остварување на нивните претприемачки зафати на рускиот пазар, со надеж дека економската соработка и размената меѓу двете земји годинава значајно ќе се зголемува.