Индексот на индустриското производство во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, изнесува 109.2.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст од 7.7%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 8.8%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 13.8%. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во мај 2017 година, во однос на мај 2016 година, бележи пораст кај Енергија за 18.1% Интермедијарни производи, освен енергија за 6.8%, Капитални производи за 23.5%, Трајни производи за широка потрошувачка за 4.9% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 1.6%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – мај 2017 година, во однос на периодот јануари – мај 2016 година, изнесува 100.6. (Државен завод за статистика)