Извините, этот техт доступен только в “Македонский”. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Според оценката менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во јануари 2019 година е намален за 0.3 процентни поени во однос на декември 2018 година и изнесува 20.1, а во однос на јануари 2018 година е зголемен за 1.3 процентни поени.
Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во јануари 2019, во однос на декември 2018 година, е поневолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се понеповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се зголемени во однос на декември 2018 година.
Оценката за економската состојба на деловните субјекти во јануари 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а e поповолна во однос на јануари 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се зголеми.
Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во јануари 2019 година изнесува 68.2 % од нормалното искористување.
Најголемо влијание врз огрничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 28.7 %, недоволната домашна побарувачка со 15.5 %, недоволната странска побарувачка со 15.3 % и неизвесното економско опкружување со 8.9 %.(Државен завод за статистика)