Според оценката на менаџерите на компаниите, индикаторот на доверба во преработувачката индустрија во септември 2019 година е зголемен за 0.3 процентни поени во однос на август 2019 година и изнесува 21.7, а во однос на септември 2018 година е зголемен за 1.1 процентен поен.

Состојбата на обезбеденоста на производството со порачки во септември 2019, во однос на август 2019 година, е поповолна, очекувањата за обемот на производството во наредните три месеци се поповолни во однос на претходниот месец, а залихите на готовите производи се намалени во однос на август 2019 година.

Оценката за економската состојба на деловните субјекти во септември 2019 година е понеповолна во однос на претходниот месец, а поповолна  во однос на септември 2018 година. Се очекува бројот на вработените да се намали.

Просечното искористување на капацитетите на деловните субјекти во септември 2019 година изнесува 69.4 % од нормалното искористување.

Најголемо влијание врз ограничувањето на обемот на производството имаат следните фактори: недостигот на квалификувана работна сила со 22.1 %, недоволната странска побарувачка со 18.9 %, недоволната домашна побарувачка со 13.7 % и неизвесното економско опкружување со 13.3 %.(ДЗС)