Во ноември 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски за 0.2% на месечно ниво, а повисоки за 1.6% на годишно ниво.
Во ноември 2017, во споредба со октомври 2017, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 1.1% и Капитални производи за 0.2%.
Во ноември 2017, во споредба со ноември 2016, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Интермедијарни производи, освен енергија за 5.7%, Капитални производи за 3.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.0%.
(Државен завод за статистика)