Минимално зголемување на туристи од Руската Федерација се евидентирани во земјава на почетокот од летните месеци. Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни во Република Северна Македонија допатувале вкупно 713 руски туристи, што е 0,8 отсто од вкупниот број  туристи во земјава.Минимално е продолжена и должината на нивното задржување во земјава.Руските туристи остварили 2248 ноќевања, што е само 1,2 отсто од вкупниот број на забележани ноќевања.Тоа покажало дека гостите од Русија во Северна македонија се задржуваат во пресок 3 до 4 дена.

Инаку, најпосетени во јуни годинава биле езерските места, каде престојувале 50.939 туристи, по што следи главниот град со 41.578, па планинските места со 5.604 и бањите со 2.392 посетители. Најмногу странски туристри имало од Турција, Полска, Србија, Грција и Бугарија.

 Државниот завод за статистика соопштува дека  вкупниот број на туристите во јуни 2019 година изнесува 119 334, а бројот на ноќевањата изнесува 264 821.

Бројот на туристите во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 16.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 8.9 %.

Бројот на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 15.7 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 16.9 %.

Бројот на ноќевањата на домашните туристи во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, е зголемен за 7.2 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 9.6 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 4.0 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 5.2 %, а кај странските има зголемување за 3.5 %.

Во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 2.1 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 1.3 %, а кај странските има зголемување за 2.6 %.