На 14-ти ноември 2019 година во хотелот „Хилтон“ во Скопје  ќе се одржи  бизнис – форум меѓу компании од Република Северна Македонија и Руската Федерација.На деловната средба во Скопје од руска страна ќе присуствуваат претставници на компании од областите:  енергетика и енергетска ефикасност, производство на медицинска опрема, инфраструктура, производители на дигитална опрема, индустриски и земјоделски инженеринг, управување со отпад, паметни градски системи, машинска индустрија и други.

На присутните бизнисмени од двете земји се очекува да им се обратат д-р Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања и координација  на економските ресурси, Алексеј Груздев, заменик министер за економски развој на Руската Федерација, Трајан Димковски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Северна Македонија и Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во Република Северна Македонија.

По одржување на бизнис форумот ќе се одржат и билатерални средби меѓу деловните луѓе од двете земји.За подетални информации и за пријавување за учество на форумот може да ја контактирате Македонско-руската стопанска комора на телефоните: мобилен 070 302950 и (02)3233370 или да остварите електронска комуникација на e-mail адресата- marukomk@gmail.com.