„Лукоил Македонија“ од неодамна на своите бензински станици започна со продажба на нови иновативни подобрени горива „Екто Спорт“ и „Екто Плус“ кои ја подобруваат моќноста и економичноста на моторот, истовремено овозможувајќи заштита на животната средина.
Брендираните „Екто Спорт“ и „Екто Плус“ од „Лукоил“ се создадени во согласност со европските стандарди и регулативи за користење на современи и еколошки горива, но и во склад со начинот и темпото на современото живеење.
Максимално се прилагодени на новите софистицирани модели на автомобили кои имаат потреба од квалитетни и ефективни еколошки горива.
Во 2011 година „Лукоил Македонија“ започна со продажба на своите бензински станици на новото поколение на моторни горива „Екто Дизел“, „Екто Плус“ и „Екто Спорт“. За прв пат во Македонија за време на зимскиот период 2015-2016 на пазарот беше понудено специјално дизел зимско гориво од „Лукоил“.
-Следејќи го слоганот на „Лукоил“ – „Секогаш во движење“ така и ние не застануваме, затоа од оваа есен нашите клиенти ќе може да ги набават новите ЕКТО бензини со уште подобар квалитет. Тоа е одговор на компанијата „Лукоил“ на предизвиците на 21 век за заштита на екологијата и енергетската безбедност – двата глобални проблеми за човештвото. Во споредба со обичното гориво, горивото ЕКТО поседува подобрени економски и експлотациони својства. ЕКТО горивата се производ на компанијата „Лукоил“ и можете да ги најдете исклучиво на бензинските станици на „Лукоил“. Уште една предност е тоа што примената на ова гориво дава дополнителни км возење со еден полн резервоар. Воедно, за оние за кои што движењето претставува живот, а брзината искушение, и за оние кои сакаат вистински спортски стил на возење, и кои се навикнати да го имаат најдоброто за себе и својот автомобил, новите моторни бензини ќе бидат вистински предизвик за нив, – соопштуваат од раководството на „Лукоил Македонија“.
„Лукоил Македонија“ е дел од Балканската меѓурегионална групација на компании и врши продажба на големо и мало на нафтени деривати преку мрежата на бензински станици. Во моментов компанијата работи со мрежа од 27 бензински станици и еден нафтен склад, која воедно е еден од поголемите снабдувачи со гориво во земјава, синоним за најквалитетни горива и врвна услуга во земјава, бренд на кој потрошувачите му веруваат. Довербата на потрошувачите е резултат на континуираните иновации и инвестиции во производството, но и на филозофијата на „Лукоил Македонија“ да се работи посветено, максимално грижејќи се како за своите вработени, така и за своите клиенти и потрошувачи.