Индексот на бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 97.2.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пад од 1.9%, во секторот Преработувачка индустрија пад од 3.0%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пад од 0.5%.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Капитални производи за 3.7%, додека опаѓање бележи кај Енергија за 1.3%, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.5%, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.0% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.1%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 99.0.(Државен завод за статистика)