ОПЕК се договори за намалување на производството на нафта на 32,5 милиони барели на ден, изјави претседателот на картелот, министер за економија и индустрија на Катар Мохамед Бен Салех Ал Сада

opec-nations

-Со разбирање и соработка на сите земји од ОПЕК, успеавме да постигнеме договор. Овој договор склучен поради чувството на одговорност за членките на ОПЕК, надвор од ОПЕК, за целокупната благосостојба на глобалната економија, – изјави Ал Сада.
На тој начин, производството ќе се намали за 1,2 милиони барели дневно, прв пат по осум години. На пример, Саудиска Арабија ќе го намали своето производство на нафта за 486 илјади барели.
Договорот ќе стапува на сила од 1 јануари и ќе трае шест месеци.По 15 минути од објавувањето на оваа вест цените на нафтата во светот скокнаа за најмалку 8 проценти.
Прашањето за неговото продолжување ќе се разгледува на состанокот на ОПЕК во мај, изјави Ал Сада.
Тој објасни дека договорот го поддржаа сите земји на картелот освен Индонезија, која изјави дека сака да го замрзне или суспендира своето членство во организацијата.
Претседателот на ОПЕК изјави, исто така, дека со цел да се постигне рамнотежа на пазарот, потребна е поддршка од некои од клучните држави кои не се дел од картелот. Според неговите зборови, овие земји се подготвени да го намалат своето производство за вкупно 600 илјади барели дневно, а Русија веќе се согласила да го намали за 300 илјади барели.
Средбата за ова прашање ќе се одржи на 9 јануари во Доха, изјави Ал Сада, истакнувајќи дека времето и местото на нејзиното одржување може да се сменат.