Лидерите на државите од Евроазиската економска унија го потпишаа Царинскиот кодекс на унијата. Ова го соопшти претседателот на колегиумот на Евроазиската економска комисија Тигран Саркисјан по завршувањето на седницата на Врховниот Евроазиски економски совет на ниво на шефови на држави.
Саркисјан прецизираше дека Киргистан, кој за време на церемонијата на потпишување на документите не го потпиша Царинскиот кодекс, на крајот го одобрила.
-Од страна на Киргистан не е потпишана само изјавата во однос на тоа ка ќе ја градиме надворешно-економската активност, – објаснува Тигран Саркасијан.
Според него, тоа е поврзано со желбата на Бишкек за прецизирање на формулацијата во врска со укинувањето на пречките и отстранувањето на рестрикциите на внатрешниот пазар.
ЕАЕУ е меѓународнаа асоцијација за економска интеграција, формирана врз основа на Царинска унија и Заеднички економски простор која функционира од 1 јануари 2015 година. Во моментов во сојузот членуваат Русија, Ерменија, Белорусија, Казахстан и Киргистан.
Царинскиот кодекс е основниот документ со кој регулираат царинските односи на територијата на Евроазиската економска унија.
За сојузот овој документ е првиот голем правен акт кој се однесува на сферата на царинското регулирање. Изработен е заеднички од страна на владините агенции и бизнис заедниците на евроазиската „петорка“.