Интеграцијата на Руската Федерација и Белорусија мора да биде подлабока и посеопфатна, а Москва на Минск му ги врачила предлозите како тој процес да се спроведе, изјави деновиве премиерот на Русија, Дмитриј Медведев.
 -Во моментов работиме на тоа интеграцијата  да биде сеопфатна.На нашите белоруски колеги им ги предадовме предлозите, а сега Минск ги разгледува и одлучува што е за нив прифатливо, а што не е, – рекол Медведев.
Рускиот премиер исто така наведува дека економската соработка меѓу Русија и Белорусија мора да биде втемелена на взаемна корист и затоа е неопходно да се продолжат преговорите во сите правци.
-Продолжуваме да ја развиваме соработката, ама ќе имеме предвид што е од взаемен интерес.Нашите посредници во повеќе наврати разговараа на таа тема.Дискусијата секако продолжува, – подвлекува рускиот премиер.
 Претходно официјален Кремљ соопшти дека темата на интеграцијата меѓу Русија и Белорусија не предвидува било какво присоединување на државите, туку се работи за движење една кон друга со ширење на сојузничките односи.
Договор за создавање на Сојузна држава на Белорусија и Русија беше потпишан на 8 декември 1999 година.