Од 1 јуни 2018 година, полскиот авиопревозник почува директно да лета од Варшава до Скопје. Летови ќе има дури 6 пати неделно со модерни авиони-Ембраер.
Почнувајќи од летната сезона, патниците од Македонија ќе може да ги користат директните летови до Варшава или да се прекачат на летови до другите аеродроми опслужувани од страна на ЛОТ кои опфаќаат 90 дестинации во широката мрежа на конекции. Редот на летање е планиран на начин што им обезбедува на патниците најпогодна понуда на летови, меѓу другото, за САД: до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, Лос Анџелес, Чикаго, како и до Торонто во Канада.
Летови од аеродромот „Фредерик Шопен“ во Варшава до скопскиот аеродром ќе има секој ден освен во недела. Во понеделниците, средите и петоците патниците на ЛОТ ќе полетуваат од Варшава со модерните Ембраер авиони во 10:35 часот и ќе пристигнуваат во Скопје во 12:40 часот. Повратниот лет за Варшава ќе биде во 13:20 часот. Во вторниците, четвртоците и саботите, летовите од Варшава се предвидени во 14:25 часот, а слетувањето во Скопје во 16:30 часот. Заминувањето од Скопје е планирано во 17:10 часот, додека пристигнувањето во Варшава во 19:15 часот. Летовите ќе траат само 2 часа и 5 минути.
Летовите до Македонија ќе бидат опслужувани со авионите Ембраер 170 и 175. Во зависност од верзијата на моделот, патниците ќе имаат на располагање од 70 до 82 седишта во три класи: економска, економска-премиум и бизнис класа.
-ЛОТ ќе им понуди на патниците од Македонија најудобни конекции до Скандинавија и Западна Европа, како и до аеродромите до кои летаме во Северна Америка. Сигурен сум дека новата понуда ќе ги исполни очекувањата на патниците кои патуваат за бизнис и туристички цели, – вели Адриан Кубицки, директор за Корпоративни комуникации на ЛОТ.
Редот за летање е испланиран на начин што на патниците од Скопје им обезбедува пристап до брзи и удобни трансфери на аеродромот „Фредерик Шопен“ при патување, меѓу другото до аеродромите во САД, Канада и во Европа, на пример до Скандинавија. За трансфер во Варшава треба да се предвидат само 80 минути, доколку се работи за летовите на ЛОТ, вклучувајќи ги и летовите до Аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, до Чикаго или Лос Анџелес.
Распоредот на летови е креиран така што патниците кои што патуваат од Скопје да имаат пристап до брзи и погодни летови за разни конекции од аеродромот Шопен во Варшава до дестинации во Соединетите Американски Држави, Канада и во Европа, на пример Скандинавија. За трансферите на ЛОТ преку центарот во Варшава, до JFK, Чикаго или Лос Анџелес, треба да се предвидат само 80 минути.
-Со новата рута полските туристи ќе имаат можност да ја посетат и да ја откријат Македонија, а во исто време и граѓаните на Македонија и на соседните земји ќе имаат можност да патуваат со директна линија до Варшава и да ја доживеат Полска. Оваа авиолинија, исто така, ќе послужи за двете земји да ги зајакнат бизнис-врските, да се овозможи подобра комуникација со Источна Европа, како и трансатлантски летови до многу дестинации во светот кои се понудени од Варшава, – прецизира Алпер Ерсој, генерален директор на ТАВ Македонија.
ЛОТ ќе ја зголеми понудата на летови до земјите од Југоисточна Европа. Освен Скопје и Подгорица, во понудата на ЛОТ за летната сезона, исто така, се наоѓаат и летови до: Дубровник (нова конекција од мај – шест летови неделно), Загреб (зголемување на фреквенцијата од 10 на 14 летови неделно), Сплит (два лета неделно), Пула (еден лет неделно), Задар (два лета неделно), Белград (зголемување на фреквенција од 9 на 11 лета неделно), Љубљана (зголемување на фреквенција од шест на седум лета неделно), Софија (19 лета неделно).
Оваа година ЛОТ веќе најави почеток на шест нови европски дестинации од Варшава до: Скопје, Подгорица, Биллунд во Данска, до шестиот аеродром во Украина – Запорожје, до осмиот град во Германија – Хановер, до Домодедово (вториот аеродром во Москва), како и од Краков до Будимпешта.