До крајот на годинава се очекува да почне со работа рудникот „Боров Дол“ кај Радовиш, со кој ќе се ќе се продолжи и работењето на „Бучим“, членка на Македонско-руската стопанска  За таа цел, во наредните шест месеци ќе се изградат изливниот базен од површински коп, пречистителна станица, брана и акумулација, како и административна зграда со ресторан и амбуланта, бензинска пумпа и улична инфраструктура. За нивната изградба е ангажирана скопската градежна компанија „Бетон“, која вчера преку Македонската берза информираше за склучениот договор со „Боров Дол“ во износ од 352.125.266 денари (без пресметан ДДВ), или околу 5,7 милиони евра.

Првично се најавуваше дека почетокот на експлоатацијата ќе почне порано, некаде во април или мај годинава, но поради силниот отпор на екологистите за нови рудници во источниот дел на Македонија, работите се пролонгираа. Рудата од „Боров Дол“ ќе се пренесува до „Бучим“ со подвижна лента. Односно, до постојната флотација во единствениот капацитет за бакар и злато кај нас. Вкупната инвестиција во „Боров Дол“ изнесува над 50 милиони евра, а според процените, овој рудник ќе го продолжи работењето на „Бучим“ за најмалку десетина години.