Ако ценaта на нафтата остане на околу 55 долари за барел, рускиот буџет следната година би добил неочекуван додаток од 15 милијарди долари.
Ова е заклучокот на аналитичкиот оддел на VTB Group по договорот на членките на ОПЕК и Русија за намалување на производството на нафта, по што цената на „црното злато“ значително доби во вредност.
-Ако просечната цена на нафтата остане на 55 долари за барел следната година, приходите на Русија од енергенси ќе бидат повисоки за 1,1 трилиони рубљи, или вкупно 6,1 трилиони рубљи што е еквивалент на 95 милијарди долари, – се наведува во извештајот на VTB Capital analyst, кој го пренесува „Русија денес“.
Русија својот буџетот, кој во голема мера е зависен од извозот на нафта, го планира врз основа на цена од 40 долари за барел. Сегашната цена на барел сурова нафта од типот „Брент“ е 54,71 долари, додека на лесната американската нафта (WTI) е 51.36 долари.
-Растот на цената на нафтата ќе го зајакне рускиот извоз и добро ќе и влијае на руската економија, но нејзините главни проблеми се на другата страна, – коментираше деновиве гувернерот на Централната банка на Русија, Елвира Набиулина.
-На долг рок, основни проиблеми се, сигурна сум, внатрешните структурни проблеми.На Русија и е потребна диверсификација на економијата, – оценува Нибулина.
.