Индексот на индустриското производство во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, изнесува 97.3.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст од 5.2%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 34.3%.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на облека, Производство на кожа и слични производи од кожа, Производство на метали, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема и Производство на компјутерски, електронски и оптички производи.

Според главните индустриски групи, производството во јуни 2019 година, во однос на јуни 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 29.9% и Трајни производи за широка потрошувачка за 2.6%, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 4.7%, Капитални производи за 3.1% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10.1%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – јуни 2019 година, во однос на периодот јануари – јуни 2018 година, изнесува 104.8.(Државен завод за статистика)