На скопскиот аеродром простигнаа првата пратка од 3.000 вакцини од руско производство „Спутник В“. Пристигањето на оваа „доза“ од поголемата набавка на вакацини од рускиот производител што ја има направено земјава, је проследија Венко Филипче, министер за здравство во Владата на Република Северна  Македонија и Н.Е. Сергеј Баздникин, амбасадор на Руската Федерација во земјава, со чии ангажман руската вакцина побрзо почна да пристига и ќе придонесе за поинтензивна имунизација на македонските граѓани од Ковид – 19.

-Убеден сум дека тоа ќе биде од голема важност за спасување човечки животи и враќање на македонската економија на траекторија на развојот и раст. Секогаш сме подготвени да им помогнеме на македонските граѓани со кои уживаме во вековните традиции на пријателство и заеднички вредности. Имаме соработка со Владата и сакаме да ја прошируваме. „Спутник В“ е првата регистрирана вакцина во светот базирана на платформа на човечкиот аденовирус вектор. Вакцината е апсолутно безбедна и ефикасна и со право станува светски бестселер. Регистрирана е во 46 земји во светот, вклучувајќи и неколку држави во ЕУ, а Македонија е 46 држава што ја регистрираше вакцината. Во тек е забрзана постапка во Европската агенција за лекови за да ја испитаат, во СЗО се разгледува барањето да се вклучи во листа лекови одобрени од СЗО. Да ви посакам добро здравје, а на храбрте македонски лекари и персонал брза победа во борбата против панемијата, – посебно подвлече  амбасадорот Баздникин.