Две вести истовремено стигнаа од Руската Федерација. Едната е од доменот на неповолни и вели дека приходите од извоз на нафта опаднале за цели 38 проценти во првото тримесечје од оваа година во однос на истиот период од минатата. Тоа го соопшти Руската сојузна управа за царини.

    Падот е предизвикан од пониската цена на нафтата, но опаѓањето на цената ба рубљата помогна да се намали негативното влијание.

   Количински извозот на сурова нафта, всушност, е зголемен. Во земјите од Заедницата на независни држави ЗНД е пласирано повеќе нафта за 2,8 проценти, а во земјите кои не се членки на овој сојуз растот изнесува 4,5 проценти.

 Приходите од извозот во земјите вон ЗНД опаднале од 21 на 13 милијарди долари, додека приходите од извозот во ЗНД се помали за четвртина.

   Добрата вест ја соопшти Централната банка на Руската Федерација. Имено, одливот на капитал се намалил за повеќе од три и пол пати во првите четири месеци од годинава. Во периодот од Јануари до Април годинава се изнесени 12,8 милијарди долар, а во истиот период лани дури 45,7 милијарди долари.

Според оценките на Централната Банка на Руската Федерација одливот на капитал од земјата би требало да изнесува 53 милијарди долари.