Индексот на индустриското производство во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, изнесува 107.3.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст од 2.9 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 7.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 4.8 %. Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на тутунски производи, Производство на текстил, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на други неметални минерални производи, Производство на метали, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспоменати на друго место и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.
Според главните индустриски групи, производството во февруари 2019 година, во однос на февруари 2018 година, бележи пораст кај Енергија за 7.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 13.5 %, Капитални производи за 1.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.3 %, додека опаѓање бележи кај Трајни производи за широка потрошувачка за 1.4 %.
Индексот на индустриското производство во периодот јануари – февруари 2019 година, во однос на периодот јануари – февруари 2018 година, изнесува 109.6.(Државен завод за статистика)