Извините, этот техт доступен только в “Македонский”. For the sake of viewer convenience, the content is shown below in the alternative language. You may click the link to switch the active language.

Со пригодна свеченост во Москва беше прославена 13 годишнината од оснoвањето на Македонско-руската стопанска комора и една година постоење на „Македонски дом“, компанија формирана за потикнување на македонскиот извоз во Руската Федерација. На свеченоста што се оддржа во комлексот „Фуд сити“, каде што е сместен изложбено-продажниот центар „Македонски дом“, присуствуваа претставници на бизнисот од Македонија и Русија, челните луѓе од низа трговски претставништва на земјите од Евроазиската унија, претставници на Евроазискиот деловен сојуз и на други деловни асоцијации. На свеченоста се обрати и Димитри Бистров, регионален директор на одделот за Меѓународна соработка на Стопанската комора на Руската Федерација, со која Македонско-руската стопанска комора има партнерски однос.
            — Македонско-руската стопанска комора и нејзината активност во сите овие изминати години придонесе за раст на економската соработка меѓу двете земји и за успешен влез на низа македонски производи на рускиот пазар, — истакна Бистров, потенцирајќи дека и во наредниот период ќе продолжи соработката меѓу двете деловни асоцијации.
            М-р Дејан Бешлиев, извршен директор на Македонско руската стопанска комора посебно го подвлече фактот дека  вкупниот обем на размената порасна во сите сегменти, а највисок раст забележи македонскиот извоз за 10,6 отсто. Размената лани достигна 202 милиони САД долари со пораст од 5,6 отсто и годинава очекува таа да биде уште повисока.
            -Ваквиот тренд на придвижување нагоре продолжува и на стартот од 2018 година. Вкупната размена во јануари скокнала за 14,2 отсто, македонскиот извоз се покачил за 6,7, а увозот за 15,3 проценти. Меѓутоа, во размената со Руската Федерација земјава остварува значаен трговски дефицит, кој лани изнесуваше 94,3 милиони САД долари, кој се должи на македонскиот увоз на нафта и гас. За негово врамнотежување мора постојано да го зголемуваме нашиот извоз, — додаде м-р Дејан Бешлиев.
            Токму во функција на зголемување на македонскиот извоз е формиран и „Македонски дом“, проект во партнерство на Македонско-руската стопанска комора и со поддршка на Стопанската комора на Москва. После една година постоење тој ги дава почетните резултати – на рускиот пазар се појавија производи кои досега не се извезуваа во оваа земја. Руските потрошувачи веќе може да се снабдуваат со кондиторски производи, вода, сирење, кроасани, ајвар, бурек од “Кадино“…
            -За македонските компании, членки на „Македонски дом“, кој се веќе 18 на број, обезбедуваме комплетна услуга за настап на рускиот пазар – од сертификација до продажба, како и целосна царинска и правна подршка. Во првата година постигнавме голем успех, бидејќи македонските производи почнаа да ги препознаваат руските потрошувачи. – истакна Ина Владимирновна Жарова, генерален директор на „Македонски дом“.
            Покрај настапот на рускиот пазар, преку „Македоснки дом“ се отвараат и вратите на другите земји од Евроазиската унија. Елена Корочкина, директор на Трговскиот дом на Казахстан во „Фуд сити“, едновремено и сопственик на ланец трговски маркети, спомена дека преку  „Македонски дом“ македонските производи стануваат препознатливи и во оваа земја и ги повика бизнисмените да  бидат упорни за настап на овој пазар, бидејќи има интерес  кај тамошните потрошувачи. Давид Горазде, директор на руско-грузискиот дом ги повика македонските бизнисмени на голем бизнис- форум на кој ќе моќат да се сретнат со грузиските деловни луѓе.
            — Македонските производи се квалитетни и природни и можат да го најдат местото и на пазарот во Грузија. Но, ние сме заинтересирани и за соработка во туризмот, но и за инвестирање, — порача Горазде.