Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков раскажа детали од средбата меѓу Владимир Путин и претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган на маргините на самитот на Г-20 во Хамбург.

„Подробно ги наместија часовниците за реализација на „Турски тек“, позборуваа за проектот за изградба на атомската електроцентрала „Акују“, имаше одвоен разговор очи в очи за Сирија“, изјави Песков за „Комерсант“.

На прашањето дали се знае за понатамошните планирани контакти на претседателите на двете земји, портпаролот одговори одречно. Тој исто така истакна дека меѓу Русија и Турција во тек е интензивна комуникација на различни нивоа.

Претходно беше соопштено дека Путин и Ердоган на маргините на самитот на Г-20 ќе дискутираат за сириското регулирање. Путин истакна дека е постигнат сериозен напредок благодарение на напорите на Турција.

Путин ја имаше главната средба со претседателот на САД Доналд Трамп. Американскиот претседател ја нарече „грандиозна“ средбата со рускиот лидер Владимир Путин на самитот на Г-20 во Хамбург.Ова го соопштува агенцијата „Франс Прес“.

Државниот секретар на САД Рекс Тилерсон подоцна изјави дека Трамп и Путин нашле заеднички јазик.

„Двајцата лидери, би рекол, се согласија. Јасно е дека меѓу нив се создаде позитивна хемија“, изјави Тилерсон. Според него, „средбата беше многу конструктивна“, пренесува „Лента.ру“.