Радош Вукиќевиќ е избран за нов генерален директор на ВВ „Тиквеш“, членка на Македонкса-руска стопанска комора. Тој оваа позиција ја пополнува откако во мај оставка си поднесе Игор Илиевски.

-На седници на Надзорниот и Управниот одбор, винарската визба „Тиквеш“ донесе одлуки за назначување на Радош Вукиќевиќ за член на Управниот одбор и генерален директор на Друштвото. Г-динот Вукиќевиќ се приклучува на тимот на „Тиквеш“ со богато професионално искуство и докажани кариерни успеси, со што значително ќе допринесе кон остварување на зацртаната стратегија на компанијата и нејзиниот понатамошен развој, – велат од компанијата.

Вукиќевиќ е познат на јавноста како економски промотор на земјава во Софија и Белград. Претходно Вукиќевиќ ја вршеше должноста маркетинг менаџер на ВВ „Тиквеш“.