Во трговијата на мало, во ноември 2017 година, во споредба со ноември 2016 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 5.8%, а реално за 3.5%) и Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 10.3%, а реално за 4.2%).
Намалување на прометот е забележано во групите: Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 6.3%, а реално за 4.8%) и Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 1.2%, а реално за 2.5%).
(Државен завод за статистика)