Рекордно мал број руски туристи ја посетиле Република Македонија во последниот месец од минатата година.Во декември во земјава допатувале само 183 туристи од Руската Федерација, што е само 0,5 отсто од вкупниот број на регистрирани туристи во Република Македонија.Во просек тие престојувале по три дена или оствариле 582 ноќевања, што е 0,9 отсто од вкупниот број ноќевања остварени од туристите во декември.
Според податоците на Државниот завод за статистика, пак, вкупниот број на туристите во декември 2018 година кој престојувал во земјава изнесувал 56 556, а бројот на ноќевањата изнесувал 113 921.
Бројот на туристите во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9.6 %, а бројот на ноќевањата е зголемен за 9.8 %.
Бројот на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 9.5 %, а бројот на странските туристи е зголемен за 9.7 %.
Бројот на ноќевањата на домашните туристи во декември 2018 година, во однос на декември 2017 година, е зголемен за 5.3 %, а бројот на ноќевањата на странските туристи е зголемен за 13.1 %.
Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 12.8 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.9 %, а кај странските има зголемување за 12.2 %.
Во периодот јануари − декември 2018 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 14.5 %, и тоа: кај домашните туристи има зголемување за 13.8 %, а кај странските има зголемување за 15.2 %.
Најзастапени туристи во декември биле граѓаните од регионот. Од Бугарија ја посетиле 7.541 турист, од Грција 5.351, Србија 3.134, Албанија 2.654, Турција 2.358 и од Косово 1.725 туристи.