Консолидираната оперативна добивка на АД „Реплек“, членка на Македонско-руската стопанска комора,  за периодот од 1 јануари 2022 година до 31 декември 2022 година изнесува 104,8 милиони денари.

Оперативните приходи на компанијата изнесуваат 1.370,1 милиони денари и се зголемени за 9%, а оперативните расходи изнесуваат 1.237,1 милиони денари и бележат зголемување од 9% во однос на истиот период претходната година.

Консолидираните приходи од продажба се зголемени за 3% во однос на истиот период минатата година.

Приходите од продажба по деловни сегменти:

– Приходите на продажба на сегмент фармација бележат зголемување за 7% во
однос на минатата година,

– Приходите од продажба на странски пазар се зголемени за 9%,

– Приходите од продажба на домашен пазар на сегмент фармација се
зголемени за 3% во однос на истиот период минатата година,

– Приходите на продажба кај трговија на разни стоки и угостителски услуги се
намалени за 21% во однос на минатата година.

Приходите од продажба по географски сегменти:

– Приходите од продажба на странски пазар со учество во вкупните приходи од
продажба од 68% (2021: 64%) се зголемени за 9%,
– Приходите од продажба на домашен пазар се намалени за 8% во однос на истиот
период минатата година.

Консолидираната добивка пред оданочување изнесува 97,9 милиони денари и бележи намалување од 37% во однос на истиот период минатата година, поради зголемени трошоци за електрична енергија, амортизација и трошок за вработени, отпис на основни средства.

Во консолидираните финансиски извештаи за периодот од 01.01.2022 до 31.12.2022 година кредитното задолжување е зголемено за 100,6 милиони денари, односно на 31 декември 2022 година изнесува 290 милиони денари (на 31 декември 2021 година изнесува 189,3 милиони денари).

За период од 01.01-31.12.2022 година, прометот на групациско ниво бележи реализација од 84% во однос на планираниот.

Друштвото Реплек Маркет ДООЕЛ Скопје во целосна сопственост на Реплек АД, изврши продажба на 3,558 м2 земјиште на Кара ДООЕЛ Скопје со договорена продажна вредност во износ од 88,5 милиони денари.