Во Русија во мај биле произведени 6,1 милиони декалитри вотка, што е за 5,2% помалку отколку во мај минатата година, соопшти рускиот статистички завод Росстат. Меѓутоа, во периодот од јануари до мај производство се зголемило дури за 26,1%.

Фирмите за производство на коњак произвеле во мај 639.000 декалитри коњак, што е за 10,5% повеќе од пред една година. Во последните пет месеци, производството на овој пијалок е зголемено за 18,5%. Податоците за вотка и коњак се усогласени со Росалкогољерегулированије, пренесува РИА Новости. Росстат, исто така, соопшти дека производството на вода за пиење (без шеќер и посебни вкусови) во мај било зголемено за 9,4% на 602 милиони шишиња од 0,5 литри. За пет месеци од производство на вода за пиење се зголемило за 7,8%.

Производство на други безалкохолни пијалаци во мај било намалено за 14,4% до 72 милиони шишиња. За петте месеци овој индикаторот се зголемил за 0,6%.