Русија го условува укинувањето на ограничувањата со реципрочните мерки воведени од турската страна, соопшти Министерството за земјоделство на РФ.
„Россељхознадзор“ не планира да ги укине важечките ограничувања за испорака на продукти од Турција, изјави за весникот „Известија“ портпаролот Јулија Мелано.
Под забрана остануваат испораките на замрзнато месо и производи од кокошки и мисирки, свежи и оладени домати, краставици и корнишони, свежо грозје, јаболка, круши, јагоди и шумски јагоди.
Од Министерството за земјоделство на Русија истакнаа дека „прашањето за целосно или делумно укинување на ограничувањата за испорака на турски земјоделски и овошни производи треба да се дискутира истовремено со укинувањето од турска страна на реципрочните ограничувања спрема руските производи“.
Од друга страна, Турција соопшти дека на Анкара не ѝ одговараат руските ограничувања и визниот режим и затоа донела одлука да воведе царина за житото кое доаѓа од Русија, изјави претседателот на Здружението на извозници на Турција Мехмет Бујукекши.