Организацијата за храна и земјоделство (FAO) во рамките на Обединетите нации ја зголеми проценката за руското производство на житни култури годинава, а руското Министерство за финансии таа цифра ја проценува на рекордни 111 милиони тони.

FAO во својот извештај додава дека очекува и зголемено производство на житни култури во земјите – членки на Европската Унија, како и во САД, што се должи на добрите временски услови.

Од друга страна, во Турција се очекуваат нешто послаби резултати и тоа заради недостиг на дождови.

Севкупното светско производство на житни култури за годинава се проценува на две милијарди тони, при што пченицата учествува со 732 милиони тони, што е полош резултат во однос на минатогодишниот рекорд.

Руската Федерација е најголем извозник на пченица во светот.За годинава се проценува дека Русија во светот годинава ќе испрати 24,5 милиони тони пченица. На второ место се очекува да биде извозот на Канада во висина од 22,5 милиони тони, додека САД се очекува да биде третиот најголем извозник со пласман на 21,1 милион тони на пченица на светскиот пазар.