Министерството за економски развој на Руската Федерација, по продолжувањето на договорот со ОПЕК+, ќе ја преиспита прогнозата за цената на нафтата за 2018 година со проценка која се движи на над 50 долари за барел. На таа основа ќе се ревидира и прогнозата за макро движењата, но по добивањето на дополнителни статистички податоци за 2017 година, соопшти рускиот министер за економски развој, Максим Орешкин.
Учесниците на ОПЕК+ неодмна се согласија да го продолжат договорот за уште девет месеци – до крајот на 2018 година.
-Заклучокот од договорот на ОПЕК+ значи дека ние ќе ја ревидираме прогнозата за цените на нафтата во 2018 година во позитивен правец”, им изјави Орешкин на новинарите на маргините на форумот “Сто чекори за поволна инвестициска клима”.
Одговарајќи на прашањето дали цените ќе бидат ревидирани на ниво од над 50 долари, тој забележа: “Повеќе”.
-Со цел сеопфатно да ја ревидираме прогнозата, потребни ни се повеќе статистички податоци за годинава, барем да ги добиеме првите проценки за динамиката на БДП за 2017 година. Плановите ќе ги допрецизираме врз основа на годишните показатели, а не врз месечните, како што сега ги гледаме, – додаде министерот, одговарајќи на прашањето дали е планирано да се ревидира макропрогнозата.