Русија и Кина ќе потпишат долгорочен договор за продажба на руски земјоделски производи во Кина. Тоа на Русија и обезбедува долгорочен пласман на земјоделските производи на најголемиот пазар во светот. Ова го соопшти Министерството за земјоделство на Руската Федерација. Церемонијата за потпишување ќе биде на 30 март, во присуство на министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачев. Договорот ќе биде потпишан од страна на руско-кинеската компанија “Експортнаја продововљственаја торговља” и од страна на кинеската компанија Qinhuangdao.
Според соопштението на Министерството за земјоделство, испорака на стоките ќе се врши во рамките на спроведувањето на иницијативата “Нов земјен копнен коридор за житарки Русија – Кина”, кој беше поддржан од страна на претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин и претседателот на Народна Република Кина, Кси Џинпинг.
-Ние во моментов работиме на подготовките за испорака на првиот воз кој ќе стигне до крајната дестинација во втората половина на април 2017 година. По повод тоа ќе се одржи свеченост при неговото пристигнување”, – известува Министерството за земјоделство.
Во јуни 2016 година, руската компанија “Забалкајскил зјерновој терминал” и кинеската компанија Muyang Holdings Co.Ltd потпиша договор за изградба на инфраструктура во рамките на proeктот” Нов земјен копнен коридор за житарки Русија – Кина “. Во рамките на него се предвидува и изградба на специјален терминал (Забајкалск – Манџурија), со капацитет од 8 милиони тони жито, зрнести производи (ореви, лешници, бадеми) и маслодајни култури, како и 29 силоси.