Министерството за труд на Русија и Министерството за труд и социјална политика на Македонија потпишаа меморандум за соработка во сферата на трудот и социјалната политика, соопшти руското министерство.
Се истакнува дека главните области на соработка ќе бидат: социјалната заштита, социјалното осигурување, законодавството за работни односи и прашања поврзани со вработување на населението. Соработката ќе биде во форма на состаноци и конференции, како и консултации и експертски состаноци.
Документот беше потпишан на 20 октомври од страна на заменик-министерот за труд на Руската Федерација, Алексеј Черкасов и вонредниот и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Руската Федерација, Гоце Карајанов.
-Задоволни сме од зајакнувањето на соработката со нашите македонски колеги. Потпишувањето на Меморандумот е уште еден чекор за зближување, за тесна соработка меѓу нашите земји во социјалната и трудовата сфера, – изјави Черкасов, чии зборови ги пренесува прес-службата на Министерството за труд на Руската Федерација.