Рускиот амбасадор во Европската унија, Владимир Чизов изјави дека постојат изгледи за обновување на проектот „Јужен тек“.

           Сметам дека изгледи постојат. Допрва ќе видиме колку ќе бидат заинтересирани државите кои учествуваат во овој проект и Европската комисија. Во ЕУ сега се присатни различни мислења. Некои жалат за овој проект, додека други се преокупирани со намалување на енергетската зависност од Руската Федерација, – изјавил Чизов, посебно нагласувајќи дека не сака да шпекулира околу судбината на „Јужниот тек“.

            Проектот за гасоводот „Јужен тек“ Руската федерација го запра во декември во 2014 година, бидејќи ЕУ изврши притисок на својата членка Бугарија да не ги даде потребните дозволи за негова реализација.

Информацијата за таа одлука на Руската Федерација ја соопшти рускиот претседател Владимир Путин при неговиот престој во Турција кога истовремено го објави и стартот на новиот проект – гасоводот „Турски тек“. Според овој проект рускиот гас требаше преку Турција да биде транспортиран во Западна Европа. Во ноември минатата година, по соборувањето од страна на Турција на рускиот воен авион Su-24 на сириско-турската граница, „Турски тек“ исто така беше запрен.