• Руското земјоделство е на пат да го предводи глобалниот пазар на храна почнувајќи од 2025 година, покажувајќи стабилен раст додека глобалниот агро-индустриски комплекс сè уште се опоравува од пандемијата на коронавирус, прогнозираат аналитичарите.
  • -Можеме да видиме сериозен пад на глобалниот агроиндустриски комплекс, додека Русија покажува добра динамика на раст. Руските земјоделци можат да заземат водечки позиции на светскиот пазар на храна, – оценува политичкиот аналитичар, Алексеј Мартинов.Според Мартинов, санкциите што ЕУ ги воведе кон Русија во последните години имаа спротивен ефект од предвиденото. Руската влада беше принудена да се фокусира на развојот на домашната прехранбена индустрија, прифаќајќи ја политиката на замена на увозот, зајакнување на државната поддршка за агро-индустрискиот комплекс и ограничување на уделот на увозот на храна.
  • Овие чекори веќе вродија со плод, вели овој аналитичар, а земјоделството стана еден од темелите на националната економија.Според Организацијата на ОН за храна и земјоделство, бројот на луѓе кои се соочуваат со недостиг на храна поради пандемијата се зголемил за 132 милиони во последната година и половина. Имајќи го тоа предвид, Мартинов смета дека важноста на агроиндустријата, поттикната од растот на населението и климатскитепромени, ќе се зголеми во наредните години. Русија, вели тој, има голем потенцијал да го зголеми своето земјоделско производство благодарение на модерната технологија и дигитализацијата, како и напредокот во оплеменувањето и генетиката. Според него, сето тоа во голема мера ги неутрализира индустриските ризици со кои се соочуваат другите земји.И покрај тешките временски услови кои ја ослабнаа жетвата на компирот и зеленчукот, оваа година беше најуспешна за руските земјоделци. Трета година по ред земјава произведе повеќе од 120 милиони тони житарки, постави рекорди во собирањето маслодајни семиња, овошје и бобинки, а го зголеми производството на шеќерна репка, хељда и други производи.Слична е состојбата и со добитокот. Епидемијата на птичји грип и африканска свинска чума го намалија бројот на живината и свињите, но се очекува вкупното производство на месо да биде блиску до минатогодишните бројки, додека производството на млеко се очекува да достигне рекорд во споредба со претходните 11 години.
  • -Ако се погледне глобалната слика на која се гледа раширено намалување на производството, затворање на големи земјоделски претпријатија поради пандемијата, нарушување на синџирите на снабдување и недостиг на храна, тогашво услови на оваа „несовршена бура“, Русија е во поволна позиција. Нејзините граѓани нема да се соочат со проблемот на празни полици или намален асортиман на производи. Напротив, конкуренцијата и понудата на квалитетни производи се вопораст, – објацнува Мартинов.
  • Сепак, на руските земјоделци им недостига механизација, што е проблем што треба веднаш да се реши.
  • -Русија сигурно ќе може да доминира на глобалниот пазар на храна до 2025 година, но само ако бидеме активни и започнеме сеопфатно да го развиваме земјоделскиот сектор во области како што е обновувањето на паркот на земјоделска механизација, – посочува Ала Височкаја, директор на „Возрождение Агро“. истакнувајќи дека среде пандемија, безбедноста на храната стана покритична од кога било претходно. Таа вели дека, според статистичката агенција „Росстат“, на 1.000 хектари земјиштево Русија има три трактори и два комбајни – додека, на пример, Индија има 12 трактори за истата површина, а во САД 27.(Извор „Русија Денес“