Русија во 2016 година стана наголем производител на шеќерна репка во светот, изјави министерот за земјоделство на Руската Федерација.
Русија минатата година произведе повеќе од 50 милиони тони шеќерна репка и за прв пат стана светски лидер во оваа област, пред Франција, САД и Германија, соопшти министерот за земјоделство на Руската Федерација, Александар Ткачев.
Според министерот, ваквиот принос ќе овозможи да се произведат околу 6 милиони тони шеќер и да се создаде потенцијал за извоз на шеќер во странство во обем од повеќе од 200 илјади тони, што е 25 пати повеќе отколку во 2015 година.