Неколку вести  од Москва  особено силно одекнаа во светските енергетски, но и пошироки кругови.Во прашање се три значајни договори кои за државната каса и за земјата се особено значајни во периодот на антируските санкции, бидејќи не само што ќе амортизираат дел од губитоците заради прекинот на трговските односи со Европа, туку и нагласено ќе ја истакнат се позначајната позиција на Русија во областа на енергијата, особено – нуклераната.

Неодамна Владата на Руската Федерација му одобри кредит на Бангладеш во износ од дури 11,4 милијарди долари! Се работи за средства потребни за изградба на нуклерана електрана во оваа држава, а неа ќе ја градат руските компании.

Кредитот е одобрен на период од 20 години, а почетокот на отплатата е закажан за 15 март 2027 година, пет години по моментот по кој според планот електраната ќе почне со работа.Каматната стапка ќе изнесува Либор плус 1,75 отсто на годишно ниво.

Вкупната сума потребна за изградбата на нуклераната електрана Rooppur, која  ќе се наоѓа 160 километри од престолнината на Бангладеш, ќе изнесува 12,65 милијарди долари.Разликата од оваа сума до рускиот кредит ќе го надомести Владата на Бангладеш од сопствени средства.

Rosatom, руската државна нуклерана корпорација, ќе управува со електраната во првите пет години од работата, по што таа ќе им биде предадена на  властите на Бангладеш.Нуклеарката ќе има два реактори со капацитет од 1.200 MW.Првиот реактор ќе почне со работа во 2022, а другиот во 2023 година.

Речиси истовремено, Владата на Руската Федерација му одобри на Иран два кредита во вкупен износ од 2,2 милијарди евра, со каматна стапка од 2,77 отсто годишно.

 Парите ќе бидат искористени за изградба на термоелектрани, како и за електрификација на железничката мрежа во Иран.

Кредитите ќе бидат вратени до февруари 2024 година со одобрување на две опции – тие да бидат вратени во евра или во рубљи.

Третата вест е посебно речита.Имено, и покрај заладените односи на релацијата Москва – Вашингтон во двата смера, Русија и САД и тоа како соработуваат, правејќи бизнис меѓу себе.

Руските медијуми известија дека делот од руската државна корпорација, „Росатом“, ТВЕЛ потпишал договор со една американска нуклеарна електрана за продажба на нуклерано гориво.Првите залихи на руското нуклерано гориво, таканаречената пилот серија, во рамките на овој договор наскоро ќе се најдат на американски терен.

-Веруваме во овој проект.Знаеме да произведуваме нуклерано гориво, – истакнува Сергеј Киријенко, генерален директор на „Росатом“.

Russia Today додава дека во план е основање на руско-американска компанија која ќе го промовира руското нуклеарно гориво на американскиот пазар./С.П.