Руски „Сбер“, претходно познат како „Сбербанка“, стана пазарно највредната банка во Европа, поминувајќи го британски ХСБЦ.

Индексот на Московската берза РТС скокна во втората недела на октомври и за првпат во деценијата се проби над границата од 1.800 поени.

Иако водечкиот РТС индекс од почетокот на годината порасна околу 32 отсто, главниот дел од инвеститорското внимание е насочено на банкарскиот сектор, кој од почетокот на годината порасна над 70 отсто.

Цената на акциите на „Сбербанка“ скокна на историски максимум. Една акција вредеше повеќе од 366 рубљи, односно 5,1 долари, а пазарната капитализација надмина 8,25 илјади милијарди рубљи или 113 милијарди долари, дури 30 милијарди над британски ХСБЦ.

Рускиот џин минатите две години ги искористи за важни стратегиски одлуки, Стратегиски, „Сбербанка“ во следните години ќе се сврти кон финтек и интернет услуги.

Потпретседателот на „Сбербанка“, Владислав Креинин, истакнува дека растот на чисто банкарските услуги, земајќи ја предвид новата регулатива, ќе биде ограничен во следните десет години и дека целиот раст ќе дојде од пресвртот на банката кон финансиските и интернет услугите, пренесува „Russia Business Today“.

Околу 100 од 13 илјади подружници на банката веќе се трансформирани во рамки на новиот екосистем, а во план е отворање на уште околу шест илјади.

Освен тоа, „Сбербанка“ излезе и надвор од самото банкарско работење. Токму деновиве беше објавено дека најголемиот руски заемодавач и интернет компанијата Маил.ру вложиле дополнителни 12,2 милијарди рубљи во своето заеднички вложување во возењето и доставата на храната.

Пред неколку месеци „Сбербанка“ најави дека планира да го намали присуството на европскиот банкарски пазар поради влошувањето на геополитичките услови. Веќе ја напуштија Турција, а разгледуваат начини како да го намалат своето присуство во Европа.

Сбербанка е присутна во Европа со банкарската група „Сбербанк Јуроп груп“ со седиште во Виена и е во нејзина целосна сопственост. „Сбербанка Јуроп груп“ работи на осум европски пазари – Австрија, БиХ, Хрватска, Чешка, Унгарија, Словенија, Србија и Германија.