Централната банка на Русија планира наскоро да го достигне нивото на девизните резерви од 500 милијарди долари и да продолжи да ги зголемува, -изјави за новинарите гувернерот на Централната банка на Русија, Елвира Набиулин.
– Петстотини милијарди долари не е цел, тоа е целна сума која сметаме дека е важна за економијата и која би придонела резервите да обезбедуваат цврсти фундаменти. Ова ниво на резерва е доволно за кризни ситуации. Ние скоро го достигнавме ова ниво, а во блиска иднина оваа цел може да биде значително надмината – додава Набиулин.
Според претходните извештаи од руската централна банка, девизните резерви се зголемиле од 433 милијарди долари на 469 милијарди долари во 2018 година, а на 17 мај оваа година тие достигнале 494,1 милијарди долари. Девизните резерви на Русија  вклучуваат девизи, специјални права на влечење (СДР), резервна позиција во Меѓународниот монетарен фонд и монетарно злато.